Пензиските фондови немаат каде - па ќе ја кредитираат државата

Bez autora
Jun 20 2012

Државата утре ќе понуди петгодишна државна обврзница, преку која ќе бара заем од вкупно 24,4 милиони евра од пензиските друштва во земјава. Закажани се две аукции на петгодишни обврзници, по каматни стапки од 5,7 и 5,5 отсто. Ова е најголем износ на петгодишни обврзници што досега се пласира во еден ден на македонскиот пазар. Претходно аукција на петгодишни обврзници имаше на крајот на март годинава, а нејзиниот износ беше повеќе од двојно помал, односно само 11 милиони евра. Cумата на позајмицата што ќе ја земе државата преку петгодишната обврзница се зголемува, бидејќи нашите приватни пензиски фондови се принудени да купуваат од овие државни хартии од вредност, оти веќе не можат да пласираат во македонските еврообврзници со кои се тргува на странските пазари. Тоа е последица на новиот предлог за измени на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, со кој државата им ја укинува можноста на приватните пензиски фондови да купуваат од македонските еврообврзници, па тие сега парите од вишокот ликвидност мора да ги инвестираат само во домашните државни хартии од вредност.

Пензиските фондови немаат каде - па ќе ја кредитираат државатаДржавата утре ќе понуди петгодишна државна обврзница, преку која ќе бара заем од вкупно 24,4 милиони евра од пензиските друштва во земјава. Закажани се две аукции на петгодишни обврзници, по каматни стапки од 5,7 и 5,5 отсто.

Ова е најголем износ на петгодишни обврзници што досега се пласира во еден ден на македонскиот пазар. Претходно аукција на петгодишни обврзници имаше на крајот на март годинава, а нејзиниот износ беше повеќе од двојно помал, односно само 11 милиони евра.

Извори на „Утрински“ велат дека сумата на позајмицата што ќе ја земе државата преку петгодишната обврзница се зголемува, бидејќи нашите приватни пензиски фондови се принудени да купуваат од овие државни хартии од вредност, оти веќе не можат да пласираат во македонските еврообврзници со кои се тргува на странските пазари. Тоа е последица на новиот предлог за измени на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, со кој државата им ја укинува можноста на приватните пензиски фондови да купуваат од македонските еврообврзници, па тие сега парите од вишокот ликвидност мора да ги инвестираат само во домашните државни хартии од вредност.

Со овој предлог-закон, за кој деновиве имало големи кавги меѓу пратениците на собраниските комисиски расправи, на пензиските фондови им се наложува да ги продадат купените износи од македонските еврообврзници најдоцна до 15 јануари идната година. Се проценува дека на овој начин ќе мора да се вратат во земјава околу 70 милиони евра.

Фактот што веќе немаат можност да вложуваат во македонските еврообврзници, а од друга страна имаат ликвидност, ги принудува приватните пензиски фондови да купуваат од домашните обврзници. Но, тука е проблемот, велат нашите извори, бидејќи каматите на домашните обврзници се 5,5 и 5,7 отсто, односно многу пониски од онаа по која може да се обезбедат пари на странските пазари. На пример, за заемот од Дојче банк беше најавено дека земјава ќе плати камата од 6,83 отсто, но и за неа излезе дека се' уште не е извесна. Затоа, нашите соговорници сметаат дека ова ги дискриминира пензиските фондови, кои мора да вложуваат средства по многу пониски, односно непазарни камати во домашните обврзници, бидејќи немаат шанса тоа да го прават на друго место. На тој начин, велат нашите соговорници, практично се оштетуваат граѓаните што штедат во приватните пензиски фондови.

Инаку, државата пред да издаде петгодишна обврзница, со консултира со фондовите за тоа колку тие се подготвени да инвестираат и така ја креира понудената сума.

За разлика од подолгорочните обврзници на кои се задолжува на помали суми, државата најголемите позајмици досега ги земаше преку краткорочните хартии од вредност. На пример, на 12 овој месец се одржаа повеќе аукции на тримесечни, шестмесечни и 12 месечни записи, преку кои државата се задолжи за 40,5 милиони евра, а нивните каматни стапки се движеа меѓу 3,9 и 4,75 проценти. Многу често преку овие краткорочни записи во текот на еден ден се прибираа суми и до 80 милиони евра, а аукции се одржуваат најмалку три пати во месецот.

Овие записи најмногу ги купуваат банките, кои сакаат парите да им бидат вратени во покус рок, за разлика од пензиските фондови на кои им одговара враќање во подолг рок. „Дури 90 отсто од учесниците на пазарот со краткорочни записи се банките, кои во нив го пласираат вишокот ликвидност, но тие сакаат побргу да им бидат вратени средствата. За разлика од нив, петгодишните обврзници никој не ги сака освен пензиските фондови“, објаснува Јанко Тренковски, генерален директор на „КБ прво пензиско друштво“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik